Новите билборди кои се поставени во центарот на Велес покриваат дел од објектите во овој дел, како што се црквата „Св. Кирил и Методиј“ и поштата. Граѓаните сметаат дека оваа локација е несоодветна и прашуваат зошто токму таа е избрана.
„Се крие видикот кон градот. Грдо е. Зошто се сменија досегашните локации и се доделија нови кои се на штета на градот и граѓаните“, велат велешани.
Градоначалникот Марко Колев објаснува дека локацијата за билбордите била одредена со одлука на Советот.
„Тие локации се одредени многу одамна на седница на Советот одржана пред повеќе години. Тие локации постоеле, само не се откупувале. Сега новата фирма плати многу повеќе, 1,5 милиони денари за концесија и доби нови дополнителни места за поставување и рекламирање“, кажа Колев.
П. ПЕЧКОВ