Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот македонски спортист кој настапи на Олимписките игри во Париз и притоа го зазеде последното место во квалификациите на 400 метри слободно.
Тој пливаше во првата група со само петмина пливачи и стигна на целта за четири минути, пет секунди и 38 стотинки, речиси три секунди побавно од личниот рекорд. Трката ја заврши со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки од Мароко.
Ѓуретановиќ, кој со 16 години е најмладиот член на македонскиот олимписки тим во Париз, со ова го заврши учеството на ОИ.