ИТАЛИЈАНСКИОТ АТЛЕТИЧАР ТАМБЕРИ Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА СОПРУГАТА ОТКАКО БУРМАТА МУ ПАДНА ВО СЕНА НА ОТВОРАЊЕТО НА ОИ

    ИТАЛИЈАНСКИОТ АТЛЕТИЧАР ТАМБЕРИ Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА СОПРУГАТА ОТКАКО БУРМАТА МУ ПАДНА ВО СЕНА НА ОТВОРАЊЕТО НА ОИТамбери ѝ предложи на сопругата Кјара и таа да го фрли својот прстен во реката (Фото: Гети)

    Италијанскиот атлетичар Џанмарко Тамбери јавно ѝ се извини на сопругата откако го изгуби венчалниот прстен за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз. Триесет и двегодишниот светски и олимписки првак во скок во височина беше знаменосец на Италија додека бродовите ги превезуваа олимпијците преку Сена, кога бурмата му паднала од прстот.

    Се извинувам, љубов моја, многу се извинувам“, напиша тој на Инстаграм.

    Тој смета дека причините за незгодата се огромниот ентузијазам и губењето на премногу килограми пред ОИ.

    Ако веќе морав да го изгубам прстенот, не можев да замислам подобро место. Сега засекогаш ќе остане на дното на реката во градот на љубовта“, рече Тамбери и ѝ предложи на сопругата Кјара и таа да го фрли својот прстен во реката.

    Тамбери првпат се прослави на Олимпијадата во Токио кога одлучи да го подели златниот медал со Катарецот Мутаз Еса Баршим место да се обиде да скока на поголема височина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира