„ДОЛЧЕ И ГАБАНА“ ЛАНСИРАШЕ ЛУКСУЗЕН ПАРФЕМ ЗА КУЧИЊА ИМЕНУВАН ПО МИЛЕНИЧЕТО НА ОСНОВАЧОТ НА МОДНИОТ БРЕНД

    „ДОЛЧЕ И ГАБАНА“ ЛАНСИРАШЕ ЛУКСУЗЕН ПАРФЕМ ЗА КУЧИЊА ИМЕНУВАН ПО МИЛЕНИЧЕТО НА ОСНОВАЧОТ НА МОДНИОТ БРЕНД„Фефе“ е без алкохол и фирмата вели дека е безбедно тестиран и одобрен од ветеринари. (Фото: Долче и Габана)

    Луксузниот италијански бренд „Долче и Габана“ објави парфем за кучиња наречен „Фефе“, според миленичето на коосновачот. „Фефе“ е без алкохол и фирмата вели дека е безбедно тестиран и одобрен од ветеринари.

    Мирисот за луѓе не треба да се користи на животни бидејќи хемикалиите може да предизвикаат иритација и може да бидат непријатни за нив, особено за кучињата со нивното исклучително чувствително сетило за мирис.

    Парфемот чини 99 евра, а како „миризливо ремек-дело“ со иланг иланг, мошус и „кремасти нијанси“ на сандалово дрво. Шишето има отпечаток од шепа од 24-каратна позлата и се вели дека е инспирирано од „непоколебливата љубов кон верниот придружник на Доменико Долче, Фефе“.

    Маркетингот на компанијата вели дека нуди „допир на раскош, правејќи ја секоја прошетка миризливо и модерно нешто“.

    Доменико Долче го коосноваше „Долче и Габана“ заедно со Стефано Габана во 1985, претворајќи го во еден од најпознатите луксузни брендови во светот. Други компании, како што се фирми за негување миленичиња, исто така продаваат парфеми за кучиња по многу поевтина цена, но се верува дека ова е првпат голема модна куќа да издаде луксузен мирис.

    „Фефе“ е достапен онлајн и во продавниците на „Долче и Габана“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира