БИВШИОТ КАТАЛОНСКИ ЛИДЕР ПУЏДЕМОН СЕ ВРАТИ ВО ШПАНИЈА ПО СЕДУМ ГОДИНИ ЕГЗИЛ

    БИВШИОТ КАТАЛОНСКИ ЛИДЕР ПУЏДЕМОН СЕ ВРАТИ ВО ШПАНИЈА ПО СЕДУМ ГОДИНИ ЕГЗИЛ

    Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон се врати во Шпанија седум години откако избега од земјата по илегалниот референдум за независност. Иако за него е распишан налог за апсење, Пуџдемон допатува од Белгија на собир во Барселона и одржа говор пред голем број приврзаници. Тој се соочува со обвиненија за проневера во врска со неговата улога во организирањето на референдумот.

    Обраќајќи ѝ се на толпата, Пуџдемон ги обвини властите за репресирање на каталонското сепаратистичко движење.

    Во изминатите седум години ние бевме прогонувани зашто сакавме да го слушнеме гласот на каталонскиот народ. Сите народи имаат право на самоопределување“, кажа Пуџдемон.

    Референдумот што тој го организираше во 2017 беше прогласен за незаконски и од централната влада и од уставниот суд на Шпанија. Пуџдемон ја посвети својата кариера на формирањето нова држава на североистокот на Шпанија, а поради својот бескомпромисен пристап често се судираше со другите сепаратистички партии и со владата во Мадрид.

    Настанот во парк во Барселона беше организиран од неговата политичка партија Заедно за Каталонија неколку часа пред новата регионална влада да почне со работа. Пуџдемон претходно јавно објави дека се враќа во Шпанија, но не даде детали за патувањето.

    Нејасно е дали Пуџдемон ќе биде уапсен зашто владата усвои закон за амнестија на каталонските сепаратисти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира