AРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ И ДИРЕКТОРОТ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ МИХАИЛ ПЕТРЕВСКИ, НОВ В. Д. Е МАРТИН ГАВРИЛОВСКИ

    AРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ И ДИРЕКТОРОТ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ МИХАИЛ ПЕТРЕВСКИ, НОВ В. Д. Е МАРТИН ГАВРИЛОВСКИПетревски беше назначен на функцијата лани во април. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката Данела Арсовска го разреши директорот на ЈП „Градски паркинг” Михаил Петревски. Како што велат извори од претпријтието за САКАМДАКАЖАМ, Петревски од вчера не е директор и за нов в. д. директор е назначен Мартин Гавриловски кој е вработен во „Градски паркинг“.

    Петревски, кој беше назначен на функцијата лани во април, не одговараше на нашите повици и телефонски пораки.

    Арсовска во понеделникот го разреши и директорот на „Водовод и канализација“ Виктор Панчевски, кој беше именуван пред 6 месеци.

    Градоначалничката Арсовска постојано ги менува директорите на јавните претпријатија. Досега смени 25 директори, за нецели три години мандат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира