ТЕКВОНДИСТКАТА РЕЉИЌ НЕ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ

    ТЕКВОНДИСТКАТА РЕЉИЌ НЕ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗРељиќ и натаму има шанси да се бори за бронзен медал преку репасаж (Фото: ПА)

    Теквондистката Милјана Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз откако изгуби од Либанката Летиција Аун со 0:2 во рунди. Рељиќ и натаму има шанси да се бори за бронзен медал преку репасаж, за што е потребно Аун да се пласира во финалето на категоријата до 57 килограми.

    Аун ја доби првата рунда со тесни 9:8, додека втората заврши со нерешени 6:6, но победата ѝ припадна на Либанката.

    Рељиќ претходно приреди големо изненадување кога ја совлада олимписката шампионка од 2012 и 2016 Џејда Џонс од Велика Британија со 2:1 во рунди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира