РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ТРЕТ ДЕН СЕ ВОДАТ ТЕШКИ БОРБИ ВО КУРСК ПО УПАДОТ НА 1.000 УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ТРЕТ ДЕН СЕ ВОДАТ ТЕШКИ БОРБИ ВО КУРСК ПО УПАДОТ НА 1.000 УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИРусија објави снимки од борбите со украинските оклопни возила близу границата (Фото: Гети)

    Трет ден се водат тешки борби во рускиот регион Курск, објави руското министерство за одбрана, додавајќи дека продолжуваат напорите за исфрлање на украинските сили. Русија кажа дека најмалку 1.000 украински војници поддржани од тенкови и оклопни борбени возила ја преминале границата во вторникот.

    Заменик-гувернерот на Курск, Андреј Белостоцки, изјави дека досега се евакуирани 3.000 локални жители, а најмалку четворица загинале.

    Украинската војска досега ништо не коментираше директно, додека претседателот Зеленски изјави дека „сите сега видоа дека украинската армија знае како да изненади и да постигне резултат“.

    Руското министерство за одбрана објави дека биле спречени обидите на украинската војска да се пробие во окрузите Суџа и Кореново во регионот Курск. Шефот на руската војска Валери Герасимов и вчера кажа дека украинското напредување е запрено.

    Институтот за проучување војна вели дека геолокациските снимки од изминатите два дена покажуваат дека украинските оклопни возила напредувале десетина километри во Курск. И некои руски воени блогери велат дека ситуацијата на теренот не е така стабилна како што тврди Кремљ. Тие објавија дека борбите се воделе на автопатот источно од Коренево, 20 километри северно од границата, додека западниот дел на Судџа се чини дека е под украинска контрола.

    Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко кажа дека украинската војска воспоставила контрола врз гасниот центар во Суџа, клучна постројка за извоз на рускиот гас во Европа преку Украина, која продолжи да функционира и покрај војната. Сепак, гасот и денеска течел од Суџа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира