ЗАГИНАА СИТЕ 62 ЛУЃЕ КОИ БИЛЕ ВО АВИОНОТ ШТО СЕ УРНА ВО БРАЗИЛ

    ЗАГИНАА СИТЕ 62 ЛУЃЕ КОИ БИЛЕ ВО АВИОНОТ ШТО СЕ УРНА ВО БРАЗИЛАвионот падна во населена област, но нема повредени на земјата (Фото: АП)

    Нема преживеани во денешната авионска несреќа во Бразил. Двомоторниот авион летал од Каскавел во сојузната држава Парана до главниот аеродром во Сао Пауло кога паднал во градот Вињедо. Авиокомпанијата „Воепас“ објави дека во авионот имало 58 патници и четири члена на екипажот.

    Бразилската телевизија „Глобоњуз“ објави снимка од голема запалена површина и чад како излегува од трупот на авионот. Друга снимка покажува како авионот паѓа вертикално и спирално.

    Властите кажаа дека авионот паднал во населена област, но нема повредени на земјата и само една куќа била оштетена.

    Според сајтот „Флајтрадар“, авионот бил произведен во 2010 година и последниот сигнал го испратил еден и пол час по полетувањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира