ПОЖАР ВО ОПШТИНА НОВАЦИ, СО МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ПРАВИ ОБРАЧ ЗА ОГНОТ ДА НЕ СТИГНЕ ДО КУЌИТЕ ВО СЕЛАТА ТЕПАВЦИ И БРОД

    ПОЖАР ВО ОПШТИНА НОВАЦИ, СО МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ПРАВИ ОБРАЧ ЗА ОГНОТ ДА НЕ СТИГНЕ ДО КУЌИТЕ ВО СЕЛАТА ТЕПАВЦИ И БРОДОд Центарот за управување со кризи соопштија дека вечерва во Новаци гори непристапен карпест дел и нискостеблеста вегетација. (Фото: Ивона Кочов)

    Пожарот кој вчера избувна на територијата на општина Новаци, се прошири кон селата Тепавци и Брод. Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски вели дека ангажирана е и механизација од РЕК „Битола“ за да се направи обрач огнот да не стигне до куќите.

    Претходно беше критично во мариовскиот дел кај село Скочивир каде со интервенција на Противпожарната единица на Битола, возила и вработени во Општина Новаци, РЕК  доброволци и жители од локалното население, беше спасено селото.

    Од Центарот за управување со кризи соопштија дека вечерва во Новаци гори непристапен карпест дел и нискостеблеста вегетација. Иако директорот Стојанче Ангелов во повеќе наврати апелираше да не се користат пиротехнички материјали за огномети, вечерва во Битола имаше  неколку огномети од приватни прослави.  

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира