Русија се мачи да го запре напредувањето на украинската војска во регионот Курск, иако испрати засилувања со тешка артилерија во областа.
Руските медиуми јавија дека над 76.000 луѓе веќе се евакуирани од областа, а руските власти прогласија „антитерористички режим“ во три региони на границата со Украина. Тоа значи дека властите во Курск, Белгород и Бријанск можат да го ограничат движењето на луѓето и на возилата.
Борбите во Курск продолжија и ноќеска, а регионалниот гувернер Алексеј Смирнов кажа дека има повредени во украинските напади.
Тој претходно рече дека 13 луѓе се повредени во саботата откако остатоци од соборена украинска ракета паднаа врз зграда во регионалната престолнина Курск.
Гувернерите на соседните региони Воронеж и Белгород, исто така јавија за напади со дронови во текот на ноќта.
Денеска е петти ден откако украинската војска навлезе на руска територија во регионот Курск и зазеде неколку населени места.