ПОРАДИ ТОПЛОТЕН БРАН, НАРЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА ОД РАБОТА СЕ ОСЛОБОДЕНИ БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ

    ПОРАДИ ТОПЛОТЕН БРАН, НАРЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА ОД РАБОТА СЕ ОСЛОБОДЕНИ БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИТемпературите во наредните два дена се очекува да достигнат и до 40 степени. (Фото: СДК.МК)

    Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза во наредните три дена, поради што Владата донесе одлука за ослободување од работни обврски за најранливите групи на населението: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда), соопштија од Владата по денешната седница.

    Одлуката е донесена по информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи.

    Во истиот период, од Владата велат дека работодавачите треба да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

    „Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници“, се вели во владиното соопштение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира