ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ АТИНА, ЕВАКУИРАНИ ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ, ВЛАСТИТЕ ОЧЕКУВААТ ТЕШКА НЕДЕЛА

    ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ШИРИ КАЈ АТИНА, ЕВАКУИРАНИ ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ, ВЛАСТИТЕ ОЧЕКУВААТ ТЕШКА НЕДЕЛАЧадот од пожарите го прекри и небото над Атина (Фото: АП)

    Илјадници луѓе се евакуирани од нивните домови додека голем пожар се шири северно од Атина, при што пламенот се издигнува до 25 метри. Историското место Маратон е меѓу областите чија што евакуација беше наредена.

    Пожарникарите велат дека има изгорени домови и имоти во гратчето Варнавас, 35 километри од Атина, при што се обидуваат да извлечат луѓе заглавени во конвој од 20-25 возила.

    Во саботата попладне избувнале повеќе од 40 пожари, од кои се активни седум. На терен се распоредени повеќе од 500 пожарникари, 150 возила и над 30 противпожарни летала.

    „Работевме цела ноќ, но и покрај натчовечките напори, пожарот многу брзо се развива. Ветровите беа силни во текот на целата ноќ, па очекуваме разгорување на пожарите“, изјави портпаролот на пожарникарите Василис Ватракојанис.

    Јужно од Атина се евакуирани три болници зашто пожарот се движел кон селото Пентели.

    Стотици пожари се регистрирани во Грција од мај и властите предупредија дека ова ќе биде многу тешка недела.

    „Половина од Грција ќе биде во црвено“, изјави министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикилијас, алудирајќи на температурите од 40-ина Целзиусови степени и силните ветрови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира