ОМБУДСМАНОТ СМЕТА МВР ГО ПЛАШИ НАСЕЛЕНИЕТО ОД ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ

    ОМБУДСМАНОТ СМЕТА МВР ГО ПЛАШИ НАСЕЛЕНИЕТО ОД ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ

    Скопје, 27 март, 2016 (МЕТА) -Народниот правобранител, Иџет Мемети оцени дека петочната полициска акција во Арачиново и Липково имала за цел да го заплаши населението. Според Мемети, неприфатливо е полициските акции да траат со денови, а населението да на знае што се случува.

    – Многу лесно кај граѓаните се создаваат сомнежи дека ова се прави од политички причини или дека акциите се национално мотивирани. Тоа е многу лошо за Македонија како кревко општество, каде е изгубена довербата во институциите – рече Мемети и ги повика функционерите да престанат да ги користат полициските сили за сопствени политички цели.

    Според Мемети, полициска акција во Арачиново и Липково е резултат на борбите на власта и на опозицијата во транзиционата влада. Тој оцени дека и двете партии излегуваат со систематски конфузни изјави и оти ги злоупотребуваат институциите за политички цели.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира