ЦЕЛТА НИ Е ДА СОЗДАДЕМЕ ТАМПОН ЗОНА ВО РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА ВО РЕГИОНОТ КУРСК

    ЦЕЛТА НИ Е ДА СОЗДАДЕМЕ ТАМПОН ЗОНА ВО РУСИЈА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА ВО РЕГИОНОТ КУРСККомандантот на украинската армија Олександр Сирски минатата недела кажа дека неговите војници контролираат 1.000 километри квадратни од регионот Курск. (Фото: Икс)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека упадот на украинската војска во рускиот регион Курск има за цел создавање тампон зона за да се спречат понатамошни руски напади преку границата.

    Ова е првпат Зеленски јасно да наведе цел на операцијата, која што почна на 6 август. Претходно, тој сугерираше дека целта е да се заштитат населените места близу до границата од руско гранатирање.

    Во неговото ноќно обраќање во неделата, Зеленски кажа:

    „Наша примарна задача во дефанзивните операции е да уништиме што е можно повеќе од рускиот воен потенцијал и да спроведеме максимум контраофанзивни операции. Ова вклучува создавање тампон зона на територијата на агресорот, што е наша операција во регионот Курск“, кажа Зеленски.

    Командантот на украинската армија Олександр Сирски минатата недела кажа дека неговите војници контролираат 1.000 километри квадратни од регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира