РЕКАТА БАБУНА НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА КАПЕЊЕ И НАВОДНУВАЊЕ ОТИ Е ЗАГАДЕНА, ВЕЛАТ НОВИТЕ АНАЛИЗИ

    РЕКАТА БАБУНА НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА КАПЕЊЕ И НАВОДНУВАЊЕ ОТИ Е ЗАГАДЕНА, ВЕЛАТ НОВИТЕ АНАЛИЗИСпоред претходното испитување на приватната лабараторија „ФУТ лаб“ од 11 јули, квалитетот на водата според микробиолошките анализи бил добар, а според хемиската анализа бил во прва класа. (Фото: СДК.МК)

    Испитувањата на квалитетот на водата на река Бабуна на местото Прва плажа од примероци земени на 4 јули покажале дека е бактериолошки неисправна и не може да се користи за капење, рекреација и наводнување на земјоделски површини, се вели во препораките на Центарот на јавно здравје (ЦЈЗ) Велес што локалната власт ги објави на веб-страницата.

    „Испитувањата покажаа дека водата е од 3 класа на бактериска контаминација и присуство на амонијак, по останати испитани параметри е 2 и 1 класа, и затоа не можат да се користат за капење и рекреација на луѓето и за наводнување на земјоделски пвошрини“, се вели во образложението на ЦЈЗ.

    Според претходното испитување на приватната лабараторија „ФУТ лаб“ од 11 јули, квалитетот на водата според микробиолошките анализи бил добар, а според хемиската анализа бил во прва класа.

    ЦЈЗ Велес на 4 јули извршил анализа на водата на реката Тополка, пред вливот во Вардар. Резултатите покажале дека реката во овој дел не може да се користи за капење, рекреација и за наводнување на земјоделски пвошрини. Таа била во 3 класа на бактериска контаминација и приуство на амонијак, по останати испитани параметри е 2 и 1 класа, идентично како долниот тек на реката Бабуна.

    Вардар со децении низ Велес не може да се корсити за капење, наводнување и поење на животни, оти е загадена.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира