Македонскиот амбасадор во Обединетите Нации во Њујорк Љубомир Фрчкоски поднесе оставка, објави „Либертас“.
Оставката тој ја поднел до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и за тоа известил Министерството за надворешни работи.
Во изјава за „Либертас“, тој вели дека неговата оставка нема да се одрази на функционирањето на Мисијата во Обединетите Нации, бидејќи, како што кажа, таа и досега работела само бирократско-технички.
Фрчкоски беше назначен на позицијата на 2 март 2022 година со Указ на тогашниот претседател Стево Пендаровски.