ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА БРИТАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ЧИЈА ЈАХТА ПОТОНА БЛИЗУ СИЦИЛИЈА

    ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА БРИТАНСКИОТ МИЛИЈАРДЕР ЧИЈА ЈАХТА ПОТОНА БЛИЗУ СИЦИЛИЈА59-годишниот Линч, основач на софтверската компанија „Аутономи“, и уште 5 други лица исчезнаа откако викендов се преврте неговата јахта кај Палермо. (Фото: ПА)

    Пет тела се пронајдени и идентификувани, вклучувајќи го и телото на британскиот милијардер Мајк Линч, по потонувањето на неговата јахта близу брегот на италијанскиот остров Сицилија. Неговата 18-годишна ќерка сè уште се води како исчезната. Вкупно, во несреќата загинаа 6 луѓе. Смртта на Линч ја потврдија италијанските власти.

    59-годишниот Линч, основач на софтверската компанија „Аутономи“, и уште 5 други лица исчезнаа откако викендов се преврте неговата јахта кај Палермо. Причина за потонувањето беше мало торнадо. Неговата сопруга Анџела Бакарес беше спасена, како и уште 14 други лица присутни на јахтата во моментот на несреќата.

    Линч, кој ја продаде „Аутономи“ на американскиот гигант ХП за 11 милијарди долари, изминативе години се бранеше во суд од обвинувањата за измама при продажбата на компанијата. Во јуни годинава беше ослободен од судот во Сан Франциско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира