Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска кажа дека 15 региони се погодени од руските напади со ракети и дронови.
Има загинати и ранети, додаде тој, нагласувајќи дека со нападот е зафатена и енергетската инфраструктура, поради што енергетската компанија Укренерго воведе рестрикции за да го стабилизира системот.
Тој повторно повика Киев да добие оружје со долг дострел и дозвола од партнерите да го користи на руска територија.
Најмалку три лица загинаа, соопштија регионалните власти. Жртвите се од регионите Лутск, Днипро и Запорожје. Во Киев е нарушено снабдувањето со вода и струја, кажа градоначалникот Витали Кличко.