ПРИСТАНИШТЕТО НА ВОЛОС ПРЕПЛАВЕНО СО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ МРТВИ РИБИ

    ПРИСТАНИШТЕТО НА ВОЛОС ПРЕПЛАВЕНО СО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ МРТВИ РИБИВластите кажаа дека за 24 часа биле собрани над 40 тони угината риба (Фото: Шатерсток)

    Грчките служби почнаа да собираат стотици илјади мртви риби што се насобраа во пристаништето во централниот град Волос откако биле раселени од нивните вообичаени слатководни живеалишта за време на поплавите минатата година. Пловечките лешеви создадоа сребрена прекривка низ пристаништето и на реката Ксирија близу градот и властите мораа да реагираат пред смредеата да се прошири во околните хотели и ресторани.

    „Се шири со километри. Ова не е само долж брегот, туку и во центарот на Пагаскиот Залив“, изјави градскиот советник на Волос, Стелиос Лимниос.

    Пловечките лешеви создадоа сребрена прекривка и на реката Ксирија близу Волос (Фото: Гети)

    Рибите се извлекуваат со мрежи, по што се фрлаат во камиони. Властите кажаа дека за 24 часа биле собрани над 40 тони угината риба.

    Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, изјави дека смрдеата е неподнослива. Тој ја обвини владата што порано не се справила со проблемот пред да стигне до градот.

    Експертите велат дека проблемот е предизвикан од историските поплави во регионот Тесалија минатата година. Поплавите преполнија околно езеро кое беше исушено во 1962, зголемувајќи ја неговата површина за трипати. Во меѓувреме, водостојот на езерото се намали, принудувајќи ги слатководните риби да се движат кон пристаништето во Волос, кое е поврзано со Пагаскиот Залив и Егејското Море.

    „На вливот на реката во Волос не беше ставена мрежа и рибите не можеа да преживеат во солената вода“, кажа Беос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира