КАЛИОПИ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ЈА УМРЕЛЕ НА ИНТЕРНЕТ

    КАЛИОПИ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА ЈА УМРЕЛЕ НА ИНТЕРНЕТВо лажната вест се вели дека Калиопи починала од срцeв удар и циста на мозокот. (Фото: Ани и Дими/Фејсбук)

    По лажните вести кои се појавија на интернет дека Калиопи починала, поп-ѕвездата поведе постапка и случајот го пријави во МВР, во одделот за интернет криминал, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од тимот на Калиопи.

    Во лажната вест се вели дека Калиопи починала од срцeв удар и циста на мозокот, со изјава од лекарот Владимир Трајковски кој наводно ја коментирал нејзината смрт.

    „За сторителите на овој нечовечен чин, поведена е пријава и постапка до надлежните органи. Се случувале и во минатото разни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надмина сите претходни манипулации. Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот? Упатувам апел до одделот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи министерство да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби”, кажа Калиопи во објава на социјалните мрежи.

    Претходно, се појавија лажни реклами со кои се злоупотребува нејзиното име во која Калиопи наводно рекламира слушни апарати.

    Калиопи на 19 октомври ќе одржи концерт во Скопје во салата „Борис Трајковски“.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира