ИЗБОДЕН МАЖ ОД ТЕТОВСКА СТРИМНИЦА ОТКАКО ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЖЕЛИНО И НАТЕПАЛ ДРУГО ЛИЦЕ

    ИЗБОДЕН МАЖ ОД ТЕТОВСКА СТРИМНИЦА ОТКАКО ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЖЕЛИНО И НАТЕПАЛ ДРУГО ЛИЦЕСВР Тетово го расчистува случајот. (архивска фотографија)

    Во тетовското село Стримница дошло до инцидент во кое едно лице е прободено со нож. На ова му претходела вербална расправија во која бил вмешан и градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу. СВР Тетово го расчистува случајот и излезе со соопштение за настанот.

    „Денеска (30.08.2024) во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница. Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство. Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б.. СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира