КУРТИ ЈАВНО СЕ ИЗВИНИ ОТКАКО ПРЕД ЦЕЛ КЛАС ПОГРЕШНО РЕШИ МАТЕМАТИЧКА РАВЕНКА

    КУРТИ ЈАВНО СЕ ИЗВИНИ ОТКАКО ПРЕД ЦЕЛ КЛАС ПОГРЕШНО РЕШИ МАТЕМАТИЧКА РАВЕНКАКурти доби голем аплауз откако самоуверено ја реши равенката, за потоа да се открие дека направил грешка (Фото: ЕПА)

    Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците што направил грешка при решавањето математички проблем на отворањето на училиште вчера.

    Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Вашата радост ме натера повторно да посакам да седнам во училишните клупи. Но, морам да кажам дека ми е мило што не сум ученик сега бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Курти на Фејсбук.

    Курти се огласи откако на социјалните мрежи се прошири видео во кое тој без напор решава математичка равенка пред цел клас на отворањето на ново училиште во Подуево во североисточно Косово. Тој доби голем аплауз откако самоуверено ја реши равенката, за потоа да се открие дека направил грешка, што беше забележано од корисници на социјалните мрежи.

    Да размислив малку повеќе, ќе го сфатев точниот одговор, но очигледно решението на равенката го знаете подобро од вашиот премиер. Се извинувам“, кажа Курти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира