Српскиот претседател Александар Вучиќ водеше тренинг на децата кои тренираат за кошаркарскиот клуб Лозница. Тој вчера го посети овој дел од Србија, во рамките на што се испроба и како кошаркарски тренер.
„Вечерва во оваа сала не бев претседател на Србија, се обидов да им бидам тренер на овие прекрасни деца кои тренираат во КК Лозница. Мислам дека јас повеќе научив од нив, отколку тие од мене“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој притоа ги советуваше децата дека „нема пуштање и лесни поени за противникот“.
Вучиќ кажа дека му останале уште малку испити за да добие диплома за кошаркарски тренер.
„Ми останаа само уште седум испити за полагање, по што ќе имам високо стручно образование за кошаркарски тренер. Мислам дека ќе го завршам тоа до декември, јануари“, откри тој.