ФЕТАИ: КРИКОТ НА ПРАВДАТА ДА ГО СЛУШНАТ СИТЕ

    ФЕТАИ: КРИКОТ НА ПРАВДАТА ДА ГО СЛУШНАТ СИТЕ

    Скопје, 28 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ) – Обвинителката Фатиме Фетаи на денешната прес конференција на Специјалното обвинителство објавувајќи ја истражната постапка против поранешниот директор на УБК и негови шестмина подредени службеници, на медиумите им се обрати и на албански јазик, за како што рече, „крикот на правдата да биде достапен и за граѓаните од албанската народност“.

    „Овој воведен дел го изложив и на албански јазик со цел крикот за правда кој го пушта ова обвинителство биде подостапен и за граѓаните од албанската народност, а секако се обврзувам многу брзо на следните прес конференции да сегменти од истата претставам и на јазиците на останатите народи кои живеат во оваа држава“, рече Фетаи.

    „Сепак, Специјалното обвинителство беспрекорно ќе го почитува Уставот на Македонија и на законите и моето излагање пред граѓаните на Македонија ќе биде на јазикот на кој официјално се води кривичната постапка, на литературен македонски јазик“, рече Фетаи на почетокот на прес конференцијата пред да ја образложи најновата акција на СЈО „Тортура“.

    Специјалното обвинителство покрена истрага против седум лица за мачење и сурово и нечовечно постапување при апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година. За ниедно од осомничените лица не е побаран притвор, туку мерка на претпазливост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира