ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НЕ САКА УШТЕ ЕДНА ДЕБАТА СО ХАРИС

    ТРАМП ВЕЛИ ДЕКА НЕ САКА УШТЕ ЕДНА ДЕБАТА СО ХАРИСНеколку анкети покажаа дека Харис имала подобар настап на дебатата (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја отфрли можноста за уште една ТВ-дебата со Камала Харис пред изборите во ноември. Републиканскиот кандидат кажа дека Харис сака реванш само затоа што тој јасно победил на првото соочување во Филаделфија пред три дена.

    Кога оној кој се бори за награда ќе изгуби, првите зборови му се дека сака реванш. Анкетите јасно покажуваат дека јас победив на дебатата со Камала Харис, радикално левиот кандидат на Демократите и таа веднаш повика на втора дебата“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Неколку анкети покажаа дека Харис имала подобар настап на дебатата.

    Место дебатирање, Харис би требала да се фокусира на својата потпретседателска работа“, рече Трамп.

    Набргу по својот митинг во Северна Каролина, Харис изјави дека им должат на гласачите уште една дебата затоа што влогот не може да биде поважен.

    Анкетите велат дека двајцата кандидати водат крајно неизвесна трка на неполни два месеца до изборите. Двајцата прогласија победа по 90-минутната дебата, на која Харис успеа да го разниша Трамп со серија лични напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира