Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска утрово околу 10 часот се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО не коментираат за кој случај се работи и во какво својство е повикана Јакуловска да даде исказ.
Поранешната министерка, која денеска дојде во СЈО придружувана од адвокатот Никола Додевски, е осомничена во случаите „Тврдина“, „Титаник“ и „Тенк“.
Јанкуловска беше на распит во СЈО и во август, кога го обвини СЈО дека е ставено во функција на кампањата на опозицијата.