Македонскиот шахист Тони Лазов освои сребрен медал на 45. Шаховска олимпијада, чиј домаќин беше Будимпешта. Лазов, кој ја носи титулата интернационален мајстор, го освои медалот играјќи на втора табла.
Тој собра 7,5 поени од осумте одиграни партии на Олимпијадата и притоа немаше ниеден изгубен меч. На патот кон медалот совлада и тројца велемајстори, при што единствено ремизираше со Холанѓанецот Ван Форест.
Дваесет и четиригодишниот Лазов е актуелен државен првак и член на шаховскиот клуб Алкалоид.
Ова е четврти олимписки медал за македонскиот шах, по оние на Трајко Недев (бронза, 1996), Драгољуб Јаќимовиќ (злато, 2000) и Владимир Георгиев (сребро, 2004).