БРЗО ЌЕ ЈА РЕШАМ ВОЈНАТА АКО СТАНАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, МУ КАЖА ТРАМП НА ЗЕЛЕНСКИ

    БРЗО ЌЕ ЈА РЕШАМ ВОЈНАТА АКО СТАНАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ, МУ КАЖА ТРАМП НА ЗЕЛЕНСКИТрамп кажа дека има многу добри односи со Зеленски (Фото: Гети)

    Доналд Трамп се сретна со Володимир Зеленски во кулата „Трамп“ во Њујорк и кажа дека е време да се стави крај на војната во Украина. Тој изјави дека ќе работи и со Русија и со Украина за да се обезбеди мир.

    Трамп доста го критикуваше Зеленски во досегашниот дел од претседателската кампања и беше неизвесно дали ќе се сретне со него.

    Мислам дека и двајцата делиме став дека војната мора да заврши и дека Путин не смее да победи“, кажа Зеленски, додавајќи дека и со Трамп ќе разговара за својот план за победа, што вчера го претстави пред Џо Бајден и Камала Харис во Белата куќа.

    Трамп и Зеленски имаат сложена историја. Во 2019, Трамп беше отповикан во Претставничкиот дом поради обвинувањата дека го притискал Зеленски да му обезбеди штетни информации за Џо Бајден и неговиот син Хантер. Трамп сега кажа дека има многу добри односи со Зеленски.

    Исто така имам многу добар однос со Владимир Путин и ако победам на изборите, мислам дека многу брзо ќе го решиме ова. Ќе седнеме и ќе разговараме. Војната мора да заврши. Украина минува низ пекол како ретко која држава досега“, рече Трамп.

    Тој досега одбиваше да открие како мисли да ја заврши војната уште пред да се врати во Белата куќа, додека Зеленски има кажано дека не верува во тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира