СЕ ПОЈАВИЈА ЛАЖНИ ДНЕВНИ ПАРКИНГ КАРТИ ОД ПОЦ, ИЗМАМА Е АДРЕСАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ОНЛАЈН

    СЕ ПОЈАВИЈА ЛАЖНИ ДНЕВНИ ПАРКИНГ КАРТИ ОД ПОЦ, ИЗМАМА Е АДРЕСАТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ОНЛАЈНДизајнот и логото на ЈП Паркинзи на скопската општина Центар се злупотребени во лажната Дневна паркинг карта (Фото: Општина центар)

    Дизајнот и логото на ЈП Паркинзи Oпштина Центар (ПОЦ) се злупотребени во лажната Дневна паркинг карта (ДПК), соопштија од јавното претпријатие на скопската општина.

    „На неа стои кју-ар код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата, а кодот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ  и е со цел преку измама да се извлечат парични средства. Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни ако забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk“, велат од ПОЦ.

    Од таму велат дека во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста заради заштита на корисниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира