АКО СДСМ НАПРАВИ ВЛАДА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРОБЛЕМИ, Ѝ ПОРАЧА ГРУЕВСКИ НА АМБАСАДОРКАТА НА ОБСЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АКО СДСМ НАПРАВИ ВЛАДА ЌЕ СЕ СООЧИ СО ПРОБЛЕМИ, Ѝ ПОРАЧА ГРУЕВСКИ НА АМБАСАДОРКАТА НА ОБСЕ

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кажал дека ако СДСМ формира влада ќе соочи со проблеми на денешната средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ Нина Суомалаинен, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

    „Од ВМРО-ДПМНЕ на прашањето доколку СДСМ формира Влада, дали истата ќе биде прифатлива за партијата, беше одговорено дека секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“, се вели со соопштението.

    ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека состојбата во Македонија е зрела за одржување на нови предвремени парламентарни избори поради тесното мнозинство кое би било направено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира