НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ЗА ДВАЈЦА АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ КОИ ЈА ОТКРИЈА МИКРОРНК

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ЗА ДВАЈЦА АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ КОИ ЈА ОТКРИЈА МИКРОРНКнаградата ја делат Виктор Амброс и Гери Равкан (Фото: Гети)

    Започна неделата на доделување Нобелови награди и првата на ред е за медицина и физиологија. Добитници се американските биолози Виктор Амброс и Гери Равкан за нивната работа на микроРНК.

    Нивните откритија помогнаа да се објасни како се појавил сложен живот на Земјата и како човечкото тело е направено од широк спектар на ткива. МикроРНК влијае врз тоа како гените се контролирани во живите организми, вклучувајќи ги и луѓето.

    Амброс (70) и Равкан (72) ќе поделат награда од 11 милиони шведски круни (965.000 евра).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира