НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ ЗА НИВНАТА РАБОТА НА МАШИНСКО УЧЕЊЕ

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ ЗА НИВНАТА РАБОТА НА МАШИНСКО УЧЕЊЕНаградата ја делат Џон Хопфилд и Џефри Хинтон (Фото: Гети)

    Нобеловата награда за физика за 2024 им припадна на Американецот Џон Хопфилд и на британско-канадскиот компјутерски научник Џефри Хинтон за нивната револуционерна работа на машини кои учат. Како што објави Нобеловиот комитет, тие се наградени за основни откритија и пронајдоци кои овозможуваат машинско учење со вештачки невронски мрежи.

    Деведесет и едногодишниот Хопфилд е најпознат по неговата студија за асоцијативна невронска мрежа од 1982 и овој модел денес е познат како Хопфилдова мрежа.

    И Хинтон (76) посветил добар дел од својата работа на вештачки невронски мрежи и денес се смета за „татко на вештачката интелигенција“.

    Тие ќе поделат награда од 965.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира