НАД МИЛИОН ЛУЃЕ ДОБИЈА НАРЕДБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА ВО ФЛОРИДА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА УДАРОТ НА МОЌНИОТ УРАГАН МИЛТОН

    НАД МИЛИОН ЛУЃЕ ДОБИЈА НАРЕДБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА ВО ФЛОРИДА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА УДАРОТ НА МОЌНИОТ УРАГАН МИЛТОНМилтон носи максимално одржливи ветрови од 260 километри на час (Фото: АП)

    Жителите на Флорида го добија последното предупредување да се евакуираат или засолнат на безбедно, додека се очекува доаѓањето на ураганот од петта категорија Милтон, потенцијално најуништувачкиот ураган кој го погодил крајбрежјето на Флорида.

    Наредбата за евакуација се однесува на повеќе од милион луѓе, па оние што бегаат ги блокираа автопатиштата и ги испразнија бензинските пумпи, што дополнително го потресе регионот, кој се уште заздравува од уништувачките ефекти на ураганот Хелен пред помалку од две недели.

    Бурата се движи кон пошироката област на Тампа Беј, која е дом на повеќе од три милиони луѓе, иако метеоролозите велат дека нејзината патека би можела да варира пред да удри во копното доцна вечер или утре наутро. Се очекува бурата да донесе бранови од три метри или повеќе во најголемиот дел од крајбрежјето на Флорида.

    Џо Бајден и градоначалничката на Тампа Беј, Џејн Кастор, ги предупредија луѓето во зоните за евакуација да си заминат или ризикуваат да загинат.

    „Милтон носи максимално одржливи ветрови од 260 километри на час, што е највисокото ниво на скалата Сафир-Симпсон. Големината на бурата расте и става во опасност уште повеќе крајбрежни области“, објави Националниот центар за урагани на САД.

    Милтон стана третиот најбрзо растечки ураган во Атлантикот досега, откако за помалку од 24 часа преминал од категорија 1 во категорија 5.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира