ОПШТИНА БИТОЛА ПОСТАВИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ДЕКА ВОДАТА КАЈ НОВИОТ ПАРК НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ОТКАКО БИТОЛЧАНИ ЦЕЛО ЛЕТО ЈА КОРИСТЕА

    ОПШТИНА БИТОЛА ПОСТАВИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ДЕКА ВОДАТА КАЈ НОВИОТ ПАРК НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ ОТКАКО БИТОЛЧАНИ ЦЕЛО ЛЕТО ЈА КОРИСТЕАЧешмата се наоѓа во паркот кај Довлеџик, кој цело лето е во функција и е едно од најпосетените рекреативни зони во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола стави известување дека не е за пиење водата на чешмата кај новиот парк.

    САКАМДАКАЖАМ.МК на 2 октомври објави дека водата е техничка и нема предупредување дека не треба да се користи за пиење. Чешмата се наоѓа во паркот кај Довлеџик, кој цело лето е во функција и е едно од најпосетените рекреативни зони во Битола од деца и возрасни.

    Битолчаните кои ги затекнавме во паркот ни рекоа дека цело лето пијат вода од чешмата. Опкружувањето на чешмата е каскадно, уредено со делкан камен и коцка, а во нејзина близина има уште две чешми.

    На последната редовна средница на општинскиот Совет, советниците од независната група „Поинаку“ реагираа дека има технички неисправна вода во парк каде што често играат деца, а нема никакво известување дека не е за пиење. Од Општина Битола минатата недела ни одговорија дека се работи за техничка вода, која не е за пиење и се работи на нејзино целосно запирање.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира