НАЈМАЛКУ 16 ЗАГИНАТИ ВО УРАГАНОТ МИЛТОН ВО ФЛОРИДА, МИЛИОНИ СЕ БЕЗ СТРУЈА

    НАЈМАЛКУ 16 ЗАГИНАТИ ВО УРАГАНОТ МИЛТОН ВО ФЛОРИДА, МИЛИОНИ СЕ БЕЗ СТРУЈАЛокалните власти спасија илјадници луѓе од поплавите. (Фото: Темпа Беј Тајмс)

    Жителите на Флорида продолжуваат да се справуваат со штетите од ураганот Милтон откако силната бура уништи многу домови и ги поплави улиците во американската држава.

    Телевизијата „Си-Би-Ес“ јави дека има најмалку 16 загинати во ураганот, а гувернерот Рон Десантис кажа дека над три милиони луѓе се без електрична енергија.

    Ураганот ја изгуби силата откако стигна до копното и сега е квалификуван како тропска бура, но сè уште е опасен со ветрови од над 110 км/ч.

    Пред да стигне до копното во Флорида, Милтон беше ураган од најсилната петта категорија во Мексиканскиот залив.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира