НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО И ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ОД ПЕТ ПРОЦЕНТИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ОКТОМВРИСКАТА

    НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО И ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ОД ПЕТ ПРОЦЕНТИ, ПОЧНУВАЈЌИ ОД ОКТОМВРИСКАТАНа прашање како одеднаш се најдоа пари за зголемување на платите, Мицкоски рече дека пораснала наплатата од Царина и УЈП, а се очекува и раст на економијата. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска се договорија платите на наставниците во основното и во средното образование да бидат зголемени за 5 отсто, почнувајќи од овој месец, октомври, која ќе се исплати во ноември.

    „Од октомври до февруари 2025 година наставниците ќе добијат 5 посто, па во март 2025 нови 7 проценти, потоа во март 2026 покачување на платите од 7,5 и 10 отсто, натаму во март 2027 10 отсто, а во 2028 меѓу 10 и 12 отсто“, кажа Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата.

    Од март 2025 година со примена на колективните договори кои треба дотогаш да ги потпишат, ќе растат правата на образовниот кадар.

    На новинарско прашање како се најдени пари за покачување на платите, кога цело време се тврдеше дека нема пари и оти зголемувањето на платите ќе се случи кога за тоа ќе има услови, премиерот одговори:

    „Не сме алхемичари, ниту магионичари, парите ги најдовме од зголемената наплата од страна на Царината и Управата за јавни приходи. Очекуваме и раст на економијата во следниот период“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира