НИКНА ОСТРОВ ВО ЕЗЕРОТО НА ПИТУ ГУЛИ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НИКНА ОСТРОВ ВО ЕЗЕРОТО НА ПИТУ ГУЛИ ВО БИТОЛА

    Остров никна во езерото што се појави на улицата Питу Гули, која се наоѓа во центрот на Битола на стотина метри од Широк Сокак. Два дена откако за поплавата пишуваше САКАМДАКАЖАМ.МК, надлежните денес ставија чакал, во одбид да ја исушат водата што се собра од дождот и растопениот снег и проголта десетина метри од раскопаната улица. Но, така само делумно се исуши езерото, па се појави островче.

    На делот од улицата кој минува пред градинката турија и ладен сфалт, да можат родителите да минуваат со децата. Сега, првиот дел од улицата е  половина асфалтиран. На десната страна има сфалат, а левата тоне во кал. Во гораниот дел од Питу Гули минувачите цапаат во кал до колена.

    „Стравуваме дека тука и ќе застане работата, но барем нешто се почна“, велат жителите.

    Додека бевме на улицата не сретнавме работници да ги прашаме кога ќе биди целосно санирана. Но, вратите од камионите беа отворени, па веројатно уште ќе се работи.

    Улицата беше раскопана во октомври минатата година заради промена на водоводна и одводна инсталација. Но, потоа остана четири месеци раскопана. Жителите маки мачат за да преминат од едниот крај на другиот.

    Од Општина Битола ни рекоа дека во декември постигнале договор со фирма изведувач, но поради временските услови асфалтирањето било одложено. Кога ќе се создадат услови улицата ќе биде асфалтирана, велат од таму.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира