ЗЕЛЕНСКИ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПЛАН ЗА ПОБЕДА, СОДРЖИ ПЕТ ТОЧКИ, МЕЃУ КОИ И ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА ВО НАТО

    ЗЕЛЕНСКИ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПЛАН ЗА ПОБЕДА, СОДРЖИ ПЕТ ТОЧКИ, МЕЃУ КОИ И ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА ВО НАТОГоворот на Зеленски требаше да ги убеди исцрпените Украинци дека војната може да заврши наскоро (Фото: АП)

    Претседателот Володимир Зеленски го претстави својот план за победа пред украинските пратеници, повикувајќи ја земјата да остане обединета во овие неизвесни времиња во пресрет на претседателските избори во САД.

    Додека руските трупи напредуваат на истокот, Зеленски кажа дека неговиот план содржи пет главни точки кои се потпираат на сојузниците на Киев, вклучувајќи безусловна покана за членство во НАТО и одредена поддршка во оружје.

    „Заедно со нашите партнери мора да ги промениме околностите за да може војната да заврши. Без разлика што сака Путин. Мора сите да ги промениме околностите за да се натера Русија на мир“, кажа Зеленски.

    Во третата точка се нагласува дека Украина мора да поседува ненуклеарни капацитети за одвраќање што би биле доволни да се уништи руската воена моќ. Зеленски не откри детали за ова.

    Планот предвидува и улога на западот во одбраната на украинските извори на природни минерали и ветувања за повоена обнова.

    Кремљ кажа дека е прерано да се коментира планот на Зеленски, но му порача да се освести и да ја сфати залудноста на политиките што ги води.

    По две и пол години војна, говорот на Зеленски требаше да ги убеди исцрпените Украинци дека војната може да заврши наскоро и да ја нагласи важноста да се остане обединет.

    „Постигнавме и постигнуваме успеси во битките благодарение на нашето единство. Затоа ве молам да останете обединети“, рече Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира