ПРАГА ГИ ЗАБРАНИ ОРГАНИЗИРАНИТЕ НОЌНИ ПОСЕТИ НА ПАБОВИ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА БУЧНИТЕ ТУРИСТИ

    ПРАГА ГИ ЗАБРАНИ ОРГАНИЗИРАНИТЕ НОЌНИ ПОСЕТИ НА ПАБОВИ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА БУЧНИТЕ ТУРИСТИОдлуката ќе биде на сила во периодот од 22 до шест часот (Фото: СДК.МК)

    Прага ги забрани ноќните посети на пабови организирани од туристички агенции, во обид да се намали бројот на бучните туристи и да се привлечат повеќе културни посетители. Градските власти кажаа дека ваквите посети ќе бидат забранети во периодот од 22 до шест часот.

    Сакаме Прага да стане град каде што префинетоста и почитувањето на заедничкиот јавен простор се приоритет“, изјави заменик-градоначалникот Јиржи Поспишил.

    Прага не е единствениот град кој сака да ги одврати бучните туристи од доаѓање, од кои многумина се од Велика Британија. Минатата година, Амстердам почна кампања за обесхрабрување на млади Британци да патуваат во градот за да консумираат дроги и алкохол.

    Градскиот совет на Прага соопшти дека усвоил амандман кој го ограничува организираното движење на туристите од паб во паб, со што го нарушуваат ноќниот мир, особено во центарот.

    Промената е донесена заради намалување на бучавата и зголемување на чистотата и безбедноста“, кажаа властите, додавајќи дека полицијата ќе ја спроведува одлуката на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира