АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕТО НА НОВИОТ ДИРЕКТОР НА АНБ БОЈАН ХРИСТОВСКИ

    АНТИКОРУПЦИСКА ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НАЗНАЧУВАЊЕТО НА НОВИОТ ДИРЕКТОР НА АНБ БОЈАН ХРИСТОВСКИМинатата недела, Владата го разреши директорот на АНБ Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски. (Фото: К. Попов)

    Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет за назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, откако кај нив стигнала анонимна претставка со наводи дека е незаконски именуван на функцијата.

    „Предметот е прераспределен кај член на комисијата и по обезбедени докази и изготвена документација, ќе донесеме соодветна одлука за којашто ќе биде информирана и јавноста“, изјави за „Дојче Веле“ претседателката на ДКСК Татјана Димитровска. 

    Минатата недела, Владата го разреши директорот на АНБ Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски.

    Вчера, претседателот на СДСМ Венко Филипче кажа дека со назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, премиерот Христијан Мицкоски и Владата направиле партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата на безбедноста.

    Христовски во минатото беше претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира