Млада Австралијка неколку часа висела наопаку откако паднала меѓу две карпи. Матилда Кембел се лизнала кога се обидувала да го дофати својот мобилен телефон за време на планинарење во Нов Јужен Велс во Австралија, при што паднала во три метри длабока пукнатина.
Тоа беше почеток на седумчасовно искушение во кое службите за итни случаи извеле предизвикувачко спасување, што вклучило и поместување неколку карпи. Дури и откако успеале да поткренат 500 килограми тешка карпа, тие требало да смислат како ќе ја извлечат жената.
„Во моето десетгодишно искуство како спасувач, никогаш не сум се соочил со нешто олку предизвикувачко“, изјави Питер Вотс од амбулантната служба на Нов Јужен Велс.
Кембел веќе висела наопаку еден час кога дошле спасувачите, откако првичните обиди на нејзините пријатели да ја извлечат биле неуспешни.
„Зачудувачки, таа имаше само мали гребнатинки и модринки откако ја извадивме. Телефонот не успеавме да го дофатиме“, кажа Вотс.