Најмалку три лица се убиени, а 14 се ранети во денешниот напад во седиштето на Турската воздухопловна компанија (ТУСАС) близу Анкара, што властите го опишаа како терористички. Државните медиуми објавија снимки од повеќе напаѓачи како упаѓаат во зградата среде извештаите за вооружена престрелка и гласна експлозија.
Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека двајца напаѓачи се неутрализирани. Засега нема точни информации колку лица се вмешани во инцидентот и кој стои зад него.
„Терористички напад се случи врз објектите на ТУСАС во Караманказан кај Анкара. За жал, има маченици и ранети“, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
ТУСАС е една од најважните одбранбени и воздухошловни компании во Турција, која, меѓу другото, го произведува првиот турски борбен авион и има над 10.000 вработени.