ДРЖАВНИ ГРАДЕЖНИ ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА КАЈ ТЕУТА АРИФИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДРЖАВНИ ГРАДЕЖНИ ИНСПЕКТОРИ ВО КОНТРОЛА КАЈ ТЕУТА АРИФИ

    Инспекциски контроли повторно ја тресат Општина Тетово на  чело градоначалничката и потпретседател на ДУИ Теута Арифи, овојпат во Секторот за урбанизам кој беше посетен од инспектори од  Државната градежна Инспекција. Контролата траеше неколку часови, но по нејзиното завршување од инспекторите не можеше да се добие никаква информација што била целта на инспекцијата и дали пронашле неправилности во работењето на Секторот за урбанизам.

    По извршената инспекција, Општина Тетово соопшти дека претставници од  Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при Министерството за транспорт и врски извршиле инспекциски надзор врз законитоста и регуларноста на инспекциските процедури, издадените одобренија за градење, како и другите акти и одобренија издадени од тетовскиот Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште.

    „Општина Тетово го поздравува фактот дека токму во овој времески период има зголемена тенденција на инспекциски контроли од страна на надлежните државни институции. Воедно, констатираме дека зачестените контроли последните денови во Општина Тетово, се во потполна согласност со перманентниот ангажман на актуелната општинска администрација, што се однесува до превенцијата од појава на дивата урбанизација на градот, стопирање на појавата на изградба на безправно изградени објекти, издавањето на градежни дозволи во согласност со законот, како и борбата против узурпација на јавните површини, принципи кои ние ги разбираме како вредности на прогресивните општества, и кои воедно се од значаен интерес за граѓаните на Општина Тетово“, се вели во соопштението.

    Пред десет дена, во Општина Тетово контрола извршија извршија инспектори од Министерството за труд и социјална политика, кои контролираа дали се почитува Законот за забрана на пушењето во просторииите на општинската зграда. Пред тоа, инспектори за финансии беа пратени и во Општина Гостивар и Општина Чаир каде градоначалници на општините се потпретседателите на ДУИ, Невзат Бејта и Изет Меџити.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира