ИРАН ГО ПОГУБИ ГЕРМАНСКО-ИРАНСКИОТ ДИСИДЕНТ ШАРМАД, ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПО КИДНАПИРАЊЕТО ВО ДУБАИ

    ИРАН ГО ПОГУБИ ГЕРМАНСКО-ИРАНСКИОТ ДИСИДЕНТ ШАРМАД, ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПО КИДНАПИРАЊЕТО ВО ДУБАИЏамшид Шармад беше обвинет дека водел промонархистичка група со седиште во САД (Фото: АФП)

    Иран го погуби германско-иранскиот дисидент Џамшид Шармад, кого го обвини дека водел терористички операции. Шармад беше осуден на смрт минатата година за водење промонархистичка група со седиште во САД.

    Германското министерство за надворешни работи го предупредуваше Техеран дека погубувањето германски државјанин би можело да има сериозни последици. И организациите за човекови права го осудија погубувањето на Шармад, кој живееше во САД.

    Се верува дека Шармад бил киднапиран од ирански агенти во Дубаи во 2020 и потоа принудно одведен во Иран преку Оман. Во август 2020, иранските власти објавија дека неговото апсење било сложена операција. Организацијата Амнести интернешнал тврдеше дека Шармад бил принуден да признае и дека тој му рекол на своето семејство дека го мачат во затворот.

    Иранските власти кажаа дека Шармад бил лидер на малку познатата група Тондар, која сакала да ја обнови иранската монархија соборена во Исламската револуција во 1979. Тврдат дека планирале 23 терористички напади, од кои пет биле успешни, вклучувајќи го бомбашкиот напад во џамија во Шираз во 2008, кога загинаа 14 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира