УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА НАЈВАЖНИТЕ ГЕНЕРАЛИ ГИ ПРЕДВОДАТ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ТРУПИ ВО РУСИЈА

    УКРАИНА ВЕЛИ ДЕКА НАЈВАЖНИТЕ ГЕНЕРАЛИ ГИ ПРЕДВОДАТ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ТРУПИ ВО РУСИЈАПјонгјанг кажа дека распоредувањето на севернокорејската војска е во согласност со меѓународното право (Фото: АП)

    Украина идентификуваше тројца севернокорејски генерали кои ги придружуваат илјадниците војници на Корејската народна армија испратени во Русија за да ѝ помогне во војната во Украина. Покрај тројцата генерали, во Русија се уште 500 севернокорејски офицери.

    Планирано е севернокорејските трупи да формираат најмалку пет единици од по 2.000-3.000 војници, кои ќе се интегрираат во руските единици за да се прикрие нивното присуство“, кажа украинската влада.

    Русија не негираше дека севернокорејската војска ќе се вклучи во војната, додека Пјонгјанг кажа дека нејзиното распоредување е во согласност со меѓународното право.

    Украина кажа дека севернокорејските трупи ги предводи генерал-полковникот Ким Јонг Бок, кој командува со специјалните сили, вклучувајќи го Јуришниот корпус, за кој јужнокорејските разузнавачи кажаа дека пристигнал во Русија. Генералот Ким се појавил на седум настани со Ким Џонг Ун оваа година.

    Украина кажа дека во Русија дошол и генерал-полковникот Ри Чанг Хо, шефот на Генералното биро за извидување и генерал-мајорот Син Кум Чеол, кој го води Главниот оперативен директорат.

    Ова е големо и досега невидено распоредување на севернокорејската војска. Син има најнизок чин од тројцата генерали и тој веројатно ќе го преземе командувањето со трупите по заминувањето на Ким и Ри од Русија“, изјави американскиот експерт за Северна Кореја, Мајкл Маден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира