ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЈА ПОДДРЖА КАМАЛА ХАРИС ВО ИМЕ НА ЛАТИНО ГЛАСАЧИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД

    ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ЈА ПОДДРЖА КАМАЛА ХАРИС ВО ИМЕ НА ЛАТИНО ГЛАСАЧИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО САДЏенифер Лопез се појави на сцената на митингот на Камала Харис во Лас Вегас, Невада (Фото: Би-Би-Си)

    Пејачката и актерка Џенифер Лопез како поддршка синоќа се појави на сцената на митингот на Камала Харис во Лас Вегас, Невада. Ѕвездата, која има порториканско потекло, го осуди Трамп откако еден од неговите поддржувачи ја опиша американската територија Порторико како „пловечки остров на ѓубре“. Харис во последниве денови ја доби поддршката од неколку познати Латиноамериканци.

    И двајцата претседателски кандидати знаат дека латино гласачите можат да бидат од клучно значење во сојузните држави како Невада каде има многу неопределени гласачи. И Харис и Трамп неодамна ги завршија своите последни предизборни говори.

    Во разговорот со новинарот Такер Карлсон во Аризона, кој траеше скоро 90 минути, Трамп ги удвои своите тврдења за измама на гласачите на изборите во 2020, велејќи дека „некои лоши, лоши работи“ го спречиле да победи. Поранешниот претседател рече дека ќе победи на овогодинешните избори.  Тој ја отфрли можната идна улога на Илон Маск во владиниот кабинет.

    Во меѓувреме, во Лас Вегас, Харис зборуваше за нејзините планови да ја зголеми минималната плата, додавајќи дека „ќе се бори за работниците“. Таа рече дека нејзиниот противник не ја „почитува слободата ниту интелигенцијата на жените да донесат одлука за сопствениот живот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира