ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР ИСПРАТИ УШТЕ 5.000 ВОЈНИЦИ ВО ВАЛЕНСИЈА ОТКАКО ЖИТЕЛИТЕ СЕ ПОЖАЛИЈА ДЕКА СЕ ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ ПО ПОПЛАВИТЕ ВО КОИ ЗАГИНАА НАД 200 ЛИЦА

    ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР ИСПРАТИ УШТЕ 5.000 ВОЈНИЦИ ВО ВАЛЕНСИЈА ОТКАКО ЖИТЕЛИТЕ СЕ ПОЖАЛИЈА ДЕКА СЕ ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ ПО ПОПЛАВИТЕ ВО КОИ ЗАГИНАА НАД 200 ЛИЦАЖителите ја фрлаат поплавената покуќнина на улица. (Фото: ЕФЕ)

    Шпанскиот премиер Педро Санчес нареди уште 5.000 војници да бидат испратени за да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалните поплави неделава, во кои загинаа најмалку 211 лица во регионот Валенсија.

    Тој призна дека голем дел од помошта не стигнува до погодените од поплавите и дека е свесен дека јавноста е бесна. Но, Санчес рече дека ќе има време подоцна да се погледне што се згрешило и да се извлечат поуки.

    Обраќањето на Санчес се случи откако илјадници волонтери се собраа во Центарот за уметности и науки во Валенсија, каде што е главниот штаб за координација на напорите за расчистување на областите погодени од поплави.

    Жители на Валенсија велат дека се чувствуваат напуштени и без надеж.

    „Се чувствуваме напуштени, има многу луѓе на кои им е потребна помош“, вели 74-годишната Емилија, сопственичка на дуќан во предградие на Валенсија.

    „Не можеме ниту да си ги испереме алиштата, ниту да се истушираме“, додава таа.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира