КАМАЛА ХАРИС ВЕТУВА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК, ДОНАЛД ТРАМП НАЈАВУВА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА И БЕЗБЕДНОСТ

    КАМАЛА ХАРИС ВЕТУВА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК, ДОНАЛД ТРАМП НАЈАВУВА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА И БЕЗБЕДНОСТТрамп и Харис викендов ги завршуваат нивните последни изборни митинзи пред претседателските избори во вторник. (Фото: Икс)

    На два дена до претседателските избори во САД, редакцијата на „Гласот на Америка на македонски“, ги праша кампањите на двајцата претседателски кандидати за нивните планови за односите со Македонија, доколку победат.

    Од кампањата на потпретседателката Камала Харис, кандидатка на Демократската партија, одговорија дека ќе ги штитат и почитуваат правата на македонските граѓани да го изразуваат својот национален идентитет.

    „Нашите вредности, исто така, ги штитат и почитуваат правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонскиот идентитет – и да го зборуваат својот национален јазик, вклучително и македонскиот јазик. Потпретседателката Харис разбира колку се важни овие вредности за виталната македонско-американска заедница“, изјави портпарол на кампањата на Харис.

    Оттаму додаваат дека корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД.

    „Потпретседателката Харис постојано се залага за унапредување на демократијата, владеење на правото и борбата против корупцијата. Корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД, што е една од причините зошто потпретседателката Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирации на шесте земји од Западен Балкан“.

    Кампањата на Трамп, пак, ја критикува надворешната политика на Бајден во однос на борбата против корупцијата и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, нарекувајќи ја „пасивна“.

    „Надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици на регионот. Наместо да се спроведуваат значајни економски и иницијативи за раст во земји како Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Словенија, за поддршка на овие нации во нивната борба против корупцијата и интеграцијата во ЕУ, администрацијата на Бајден се одлучи за пасивен пристап. Овој недостаток на ангажман не само што го попречи економскиот напредок, туку и остави многу балкански држави да се чувствуваат занемарени и невреднувани додека тензиите вријат без соодветна интервенција“, изјави за „Гласот на Америка на македонски“ Христос Марафацос, заменик-претседавач со Националната коалиција за различности на претседателот Трамп.

    Марафацос рече дека надворешната политика на Трамп кон Западен Балкан ќе се фокусира на трговски партнерства и економски можности.

    „Белата куќа предводена од Трамп нема едноставно да турка широкогради изјави за демократијата. Ќе донесе вистински, одговорни резултати преку директно работење со локалните лидери и луѓето во регионот“, вели тој.

    Од кампањата велат и дека ако Трамп се врати во Белата куќа, ќе преземе активни чекори за да го спречи странското влијание насочено кон дестабилизација на балканскиот регион.

    „Одлучниот стил и посветеноста на Трамп за градење силни сојузи засновани на заемна корист и почит би биле во целосна спротивност со пасивните политики на сегашната администрација, давајќи им надеж на оние кои веруваат во посветла иднина на Балканот“.

    Трамп и Харис викендов ги завршуваат нивните последни изборни митинзи пред претседателските избори во вторник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира