Прозападната претседателка Маја Санду прогласи победа во вториот круг на изборите во Молдавија, кој се сфаќаше како избор помеѓу Европа и Русија. По најголемиот дел избројани гласови, Санду доби поддршка од 55% гласачи и вети дека ќе биде претседателка на сите Молдавци.
Нејзиниот ривал Александр Стојаногло, поддржан од проруската Партија на социјалисти, повикуваше на поблиски односи со Русија.
На денот на гласањето, советник за националната безбедност на Санду изјави дека е забележано огромно руско мешање во изборниот процес, што би можело има големо влијание врз исходот. Русија негираше дека се мешаше во изборите, кои уследија една недела по изборите во Грузија, каде што исто така имаше вакви обвинувања. Стојаногло, кого Санду го смени од функцијата јавен обвинител, негираше дека е фаворит на Кремљ.
Излезноста беше високи 54%, особено меѓу иселениците, кои главно го поддржуваат членството на Молдавија во ЕУ. Санду победи во главниот град Кишињев, додека Стојаногло освои 51% гласови во рамките на Молдавија.
„Гласачите во Молдавија и во странство се едно. Сите Молдавци се едно семејство и не ги делиме“, кажа Санду.
Молдавија е една од најсиромашните држави во Европа, со 1,2 милиона иселеници. Молдавските власти тврдеа дека избеганиот олигарх Илан Шор, кој живее во Москва, потрошил 39 милиони долари за да поткупи 138.000 Молдавци, што тој го негира.